Bekim Laci
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Преку дружење со децата, старателите и волонтерите на Црвениот крст од Град Скопје пред Спомен куќата на Мајка Тереза денес се одбележаа 1 јуни- Светскиот ден на згрижувачи и згрижувачки семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод организаторот постави шатори во кои се одвиваше интерактивна програма за децата кои беа придружени со аниматор, а се одржа работилница за цртање.
Секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Пауновска изјави дека ова е многу важна категорија на граѓани во системот на социјална заштита.
„Ги отвораат своите домови за оние деца кои имаат потреба од љубов и поддршка, дури и во периодот кога нивните родители не се во состојба да се грижат за нив, со што овие семејства се нивна замена", рече Пауновска додавајќи дека токму поради овие причини денешниот ден е посветен на нивните негуватели и потреби.
Пауновска ги повика граѓаните кои имаат можност да имаат пристап на децата на заштита да се придонесе за повисоко ниво на општествена одговорност.
Во изминатите пет години секоја година се вклучени 90 деца на територија на Град Скопје, а на територијата на државата се регистрирани вкупно 147 семејства кои се дел од проектот на Црвениот крст.