Kemal Zorlak
17 Ноември 2026•Ажурирано: 17 Ноември 2026
Пилот на авион МиГ-29 на Војската на Србија загина кога авионот се урнал на нива меѓу Нова Пазова и Стара Пазова, потврдено е за Радио-телевизија Србија, пренесува Анадолу.
Станува збор за авион МиГ-29, кој припаѓал на 204. Воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот во Батајница.
На местото на несреќата, во близина на Белград, се наоѓаат припадници на Војската на Србија, полицијата и воената полиција, како и пожарникари и екипи на Итната медицинска помош.
Засега нема официјални информации за причините за падот на авионот.
Министерството за одбрана сè уште не се огласи во врска со несреќата.