Emre Doğan
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, фудбалскиот клуб од Серијата А на италијанското фудбалско првенство е добитник на наградата „Златно стапало“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на клубот се вели дека на свечената церемонија која се одржала во Монте Карло, наградата на 38 годишниот Буфон му ја предал принцот на Монако, Алберт II.
Во конкуренција за оваа награда, освен Буфон, се наоѓаа и неговиот сонародникот Андреас Пирло, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Единсон Кавани, Франк Лампард, Икер Касиљас, Кака, Тиаго Силва, и Вејн Руни.
Буфон стана првиот голман кој од 2003 година досега ја добил оваа награда која им се доделува на активни играчи над 28 години.
Буфон стана четвртиот играч од Италија кој ја добил оваа награда покрај Роберто Баџо (2003), Александро Дел Пиеро (2007) и Франческо Тоти (2010)
Минатогодишен добитник на нарадата „Златно стопало“ беше Камерунецот Самуел Ето, играч на Анталијаспорт, член на турската Супер лига.