Doga Kirmizioglu
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, кој игра за Париз Сен Жермен (ПСЖ) е избран за играч на месецот во Првата француска лига, јавува Anadolu Agency (AA).
Унијата на професионални француски фудбалери којашто избира играч на месецот, на својот профил во Твитер истакна дека Кавани со своите извонредни перформанси го достигна својот врв во септември.
Фудбалерот кој игра за националниот тим на Урувај, во 4 одиграни натпревари во септември постигна 5 гола. Во Првата француска лига, пак, од 7 одиграни натпревари има постигнато 8 гола, така што влезе во конкуренција за крал на головите.
Фудбалската ѕвезда зад себе ги остави сите конкуренти што играат во различни европски лиги, во смисла на постигнување голови. Тој успеа на секои 63 минути да постигне по еден гол, без да се чувствува потреба од поранешната ѕвезда на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ.
Кавани во оваа сезона, во сите натпреври има постигнато 11 гола, споделувајќи го лидерското место со фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро.