спорт

Вардар по втор пат стана европски првак во ракомет

Ракометарите на Вардар по вторпат ја освоија титулата европски првак, откако во финалето во германски Келн го совладаа Веспрем од Унгарија со 27:24 (полувреме 16:11)

Admir Fazlagic  | 02.06.2019 - Обновена : 04.06.2019
Вардар по втор пат стана европски првак во ракомет (Foto: Arhiva/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот шампион во ракомет Вардар по втор пат стана европски првак, пренесува Anadolu Agency (AA).

Ракометарите на Вардар по вторпат ја освоија титулата европски првак, откако во финалето во германски Келн го совладаа Веспрем од Унгарија со 27:24 (полувреме 16:11) .

Со оваа победа на „црвено-црните", пехарот на Лигата на шампионите се враќа во Скопје по две години, кога Вардар за прв пат ја освои европската титула.

Вчера играчите на Вардар имаа исклучително тежок меч во полуфиналето во кој ја победија Барселона, а вечерва во играта покажаа искучителна решителост за победа.

Противникот на Вардар, Веспреп, во второто полувреме стигна до еден гол негатива, но остана без шанса да направи пресврт.

Од играчите на Вардар, Рожерио Фереира Мораеш беше најефикасен меч во финалето со шест гола, пет пати погоди Иван Чупиќ, четири Даинис Кристопанс, по трипати во листата на стрелци се запишаа Игор Карачиќ, Сташ Скубе и Тимур Дибиров, два гола постигна Стојанче Стоилов, еден даде и Данил Шишкарев.

Французинот Кентин Мае со шест погодоциго предводеше Веспрем за кој минутажа овојпат доби Дејан Манасков, но не успеа да го совлада Милосављев во двата обида во првото полувреме.

За најкорисен играч на завршниот турнир во „Ланксес арена“ е прогласен Игор Карачиќ од Вардар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.