Serhat Bağbars
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Репрезентативците на Франција повторно ја освоија титулата на светскиот првак во ракометот, победувајќи ја Норвешка со резултат 33:26, јавува Anadolu Agency (AA).
Финалето е играно во Арената „AccorHotels" во Париз, во Франција.
Французите првото полувреме го завршија во своја корист со резултат 18:17 а во вториот дел на натпреварот ништо не сакаа да и препуштат на среќата па разликата ја зголемија на седум поени.
Норвешка прв пат играше во финале, а Франција по шести пат ја освојува титулата на светски првак.
Словенија во натпреварот за трето место ја совлада соседна Хрватска со резултат 31:30.