Doga Kirmizioglu
01 Јуни 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во шестиот ден од вториот Гренд слем турнир годинава, „Ролан Гарос“, со победи во наредното коло во машка поединечна конкуренција се пласираа Рафаел Надал и Роже Федерер, јавува Anadolu Agency (AA).
По шестиот ден од натпреварите во Париз на Гренд слем турнирот „Ролан Гарос“, вториот носител на турнирот, Шпанецот Рафаел Надал со 3:1 (6-1, 6-3, 4-6 и 6-3) го совлада Белгиецот Давид Гофен и се пласираше во 4. коло од турнирот.
Роџер Федерер, кој е третиот носител на турнирот, со 3:0 (6-3, 6-1 и 7-6) го совлада Норвежанецот Каспер Руд за пласман во следното коло.
Јапонецот Кеј Нишикори, седмиот носител на турнирот, имаше тежок меч против српскиот тенисер Ласло Ѓере, 31. носител на турнирот. Нишикори победи со 3:2 (6-4, 6-7, 6-3, 4-6 и 8-6) и се пласираше во наредното коло.
- Во женска конкуренција елиминирани фаворитките
Во женска единечна конкуренција, светската тенисерка број 2, Чехинката Каролина Плискова загуби од Хрватката Петра Мартиќ со 2:0 и се збогува од натамошниот тек на турнирот.
Шпанката Гарбиње Мугуруса, 19-пласираната на светската тенисерска листа за жени ја совлада деветтата носителка на турнирот, Украинката Елина Свитолина со 2:0 (6-3, 6-3), додека Хрватката Дона Велиќ со 2:0 (6-4, 6-1) ја совлада 15. носителка на турнирот, Швајцарката Белинда Бенчиќ.
Амриканката Слоун Стивенс, седмата носителка на турнирот, се измачи против 71-пласираната на светската ранг-листа, Словенката Полона Херцог, но успеа да ја совлада со 2:1 во сетови (6-3, 5-7 и 6-4).
- Денес настапија светските рекети број 1. Ѓоковиќ продолжува, Осака елиминирана
Во машка поединечна конкуренција, Србинот Новак Ѓоковиќ, носителот број 1 на „Ролан Гарос“, денес го совлада Италијанецот Салваторе Карузо со 3:0 во сетови (6-3, 6-3 и 6:2).
Четвртиот носител, Австралиецот Доминик Тим игра против Уругваецот Пабло Куевас.
Најголемо изненадување во женска конкуренција приреди Чехинката Катерина Синиакова која со резултат 2:0 (6-4, 6-2) ја совлада светскиот рекет број 1, Јапонката Наоми Осака и се пласираше во наредното коло.
Романката Симона Халеп, со резултат 2:0 (6-2, 6-1) ја совлада Украинката Лесја Цуренко и се пласираше во наредното коло на „Ролан Гарос“.