Şenhan Bolelli
24 Септември 2020•Ажурирај: 24 Септември 2020
МАДРИД
Постигнат е договор за трансферот на 33-годишниот фудбалер со потекло од Уругвај, Луис Суарез, во шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди и шпанскиот клуб Барселона, чиј дрес досега го носеше Суарез.
Во соопштението се вели дека со Атлетико Мадрид е постигнат договор за трансфер на Суарез, кој по извршените здравствени контроли ќе потпише за Атлетико Мадрид.
Суарез во последните шест сезони дресот на Барселона го носеше на 238 натпревари на кои постигна 198 погодоци.