Mutlu Demirtaştan
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Шпанскиот фудбалер Чави Ернандез, кој игра за катарскиот клуб Ал Сад, истакна дека има цел да работи како тренер во својот поранешен клуб, Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имам за цел да работам како тренер во Барселона. Нормално дека ова не зависи само од мене. Не можеме да знаеме кои би биле условите по завршувањето на кариерата како фудбалер. Ќе останам тука за да помогнам за проектот Светско првенство 2022 во Катар, и ќе продолжам да им помагнам на младите фудбалери“, вели Чави во својата изјава за францускиот весник „Екип“ (L'Equipe), истакнувајќи дека по завршувањето на кариерата како фудбалер, посакува да работи како тренер.
Триесет и седумгодишниот Чави истакна дека е во добра физичка кондиција и дека ужива во играњето фудбал. „Ако сѐ оди добро, уште една година сакам да играм фудбал. Ми се допаѓа мирниот живот во Катар. По завршувањето на мојата кариера како фудбалер, прва работа ќе ми биде да се вратам во Мадрид и да ја добијам лиценцата за тренер. Моментално почнав да работам со тренерите на репрезентацијата на Катар под 23 години, составена од фудбалери кои ќе играат на Светското првенство 2022“.
Чави, централниот среден играч кој доаѓа од младинската екипа на Барселона, по 17 години во каталонскиот клуб, во 2015 година беше трансфериран во Ал Сад.