Bedrudın Brljavac
21 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Баерн Минхен планира да донесе засилување од Барселона или од Реал Мадрид, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според германски „Билд“ (Bild), челниците на Баерн до крајот на јануари сакаат да пронајдат играч за позицијата десен бек, а решението го гледаат во Алваро Одриозола од Реал и во Нелсон Семедо од Барселона.
Одриозола, 24-годишниот бек за кој Реал пред три години му плати на Сосиедад 30 милиони евра, оваа сезона има одиграно само пет натпревари и веќе откри дека сака да го напушти клубот.
Барселона во 2017 година за Семедо ѝ плати на Бенфика 35 милиони евра, а оваа сезона тој беше првиот избор на позицијата десен бек на каталонскиот великан.
Баерн моментно се наоѓа на второто место во Бундеслигата со 36 бода, четири помалку од лидерот РБ Лајпциг, и бод повеќе од третопласираната Борусија Менхенгладбах.