спорт

Озил: „Сакам да останам во Арсенал по тешкиот период“

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, изјави дека му е многу подобро откако на клупата дошол Микел Артета, и дека се радува на идните предизвици меѓу „топџиите“

Bedrudın Brljavac  | 16.01.2020 - Обновена : 22.01.2020
Озил: „Сакам да останам во Арсенал по тешкиот период“

ЛОНДОН (AA) - Фудбалерот кој игра во редовите на Арсенал, Месут Озил, изјави дека сака да остане во овој тим по тешкиот период под водството на поранешниот тренер Унаи Емери, кому не му одговараше неговиот стил на игра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Порача дека му е многу подобро откако на клупата дошол Микел Артета, и дека се радува на идните предизвици меѓу „топџиите“.

„Многу сум задоволен со мојот договор кој ќе продолжи оваа и следната година. Не можам да кажам што ќе донесе иднината. Возбуден сум, но не можам ништо да предвидам. Ми беше тешко, особено со претходниот тренер Емери, но сега сѐ е сменето, многу сум задоволен со сѐ“, рече Озил во разговорот за ТВ-мрежата „Бејн спортс“ (Bein Sports).

Истакна дека е особено среќен поради фактот што почнал да игра.

„Играм и работите навистина одат добро. Артета прави добра работа, гладен е за успех. Сѐ околу него е позитивно“, рече Озил.

Арсенал моментално се наоѓа на 10. место од Премиершипот со 28 бода од 22 натпревари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın