Hüseyin Burak Demirer
12 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
АНКАРА (AA) - Португалскиот возач на мотоцикл Пауло Гонсалвес го загуби животот денес откако доживеа несреќа во текот на седмата етапа од Релито „Дакар 2020“, што се вози во Саудиска Арабија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Четириесетгодишниот Гонсалвес имаше несреќа на 276. километар од седмата етапа на Релито „Дакар“, што е возен помеѓу главниот саудиски град, Ријад, и местото Вади ал-Давасир“, потврдија организаторите.
Гонсалвес на местото на несреќата е пронајден во состојба на изгубена свест. Со хеликоптер итно е префрлен во болницата „Лајла“, каде што е потврдена неговата смрт.
Пред седмата етапа во Саудиска Арабија, Гонсалвес се наоѓаше на 46. место во генералниот пласман. Ова беше негово 13. учество во Релито „Дакар“, а најдобар беше во 2015 година кога освои второ место.