Bedrudin Brljavac
21 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
МАДРИД (АА) - Еибар утре на „Камп Ноу“ игра против Барселона во 25. коло од Ла лигата, а тренерот на гостинската екипа, Хосе Луис Мендилибар, по тој повод истакна деја Лионел Меси сигурно ќе игра во тој натпревар, иако некои медиуми пишуваат дека би можело да одмора, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Не мислам дека Меси ќе одмора. Тој човек одмора во текот на играта. Тој знае кога треба да тргне и да учествува во играта, а кога да одмора. Ако му дадете слободен ден мислам дека уште повеќе ќе се замори гледајќи го мечот од трибините, а тоа за него би било полошо“, рече Мендилибар.
Потоа се потсети на една ситуација со Меси додека бил тренер на Осасуна.
„Се сеќавам на една ситуација кога бев тренер на Осасуна. Игравме меч во Купот на кралевите против Барселона на „Камп Ноу“. Тоа утро се појави информација дека Меси нема да игра затоа што има стомачни проблеми. По ручекот ни беше кажано дека е повикан и дека ќе биде на клупата. Во текот на натпреварот, додека губевме 2:0, видов дека Меси се загрева. Влезе во игра, постигна 2 гола и ние на крајот изгубивме со резултет 4:0“, се потсети тренерот на Еибар.