Hilmi Sever
22 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (AA) – Управата на турскиот суперлигаш Бешикташ ги негира тврдењата дека фудбалерот Адем Љајиќ е заразен со вирусот „Ковид-19“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од истанбулскиот клуб во соопштение е наведено дека фудбалерот Љајиќ извршил прегледи и дека е дијагностицирано воспаление на крајниците проследено со зголемена температура.
„Љајиќ почна со индивидуални тренинзи и неговата состојба е стабилна“, се наведува во соопштението.
На социјалните мрежи неодамна се појави и брзо се прошири тврдењето дека Љајиќ е заразен со опасниот коронавирус, што од Бешикташ го негираа.
„Ги молиме сите да не наседнуваат на гласините кои се шират на социјалните мрежи во кои се наведува дека Адем Љајиќ е заразен со коронавирус“, се наведува во соопштението.