Süleyman Elçin
22 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Претседателот на Светската конфедерација за етноспортови, Билал Ердоган, истакна дека посакуваат на традиционалните спортови да им се даде вредноста која ја заслужуваат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган имаше свое обраќање на 3. Меѓународен форум на етноспортови кој оваа година се одржува на тема „Заживување на традиционалниот спорт“ од страна на Светската конфедерација на етноспортови во турската област Анталија.
Тој нагласи дека денеска се прават чекори на една работа која наследството од пред илјадници години го пренесува на идните генерации.
„Ако со нашата култура, традиција, нашите спортови и нашата уметност, сакаме да чекориме посилно кон иднината, тоа можеме да го направиме преку оживување на изгубените вредности“, рече Ердоган.
Според него, со притисоците на доминантните сили, веќе над 100 години постоело обид за оддалечување од нивниот јазик, нивната историја и култура.
Тој рече дека отстранувањето на културниот дисбаланс и неправедност може да се направи на начин на кој секој народ ќе се обедини со своите вредности.
„Независноста може да се случи само преку зборување на нашиот јазик, оживување на нашата музика и заштитување на нашата уметност. Ние кон иднината сакаме да чекориме со нашите вредности, нашиот спорт и нашата музика“, додаде Ердоган.
Според Ердоган, сите култури во светот се вредни и заслужуваат почит.
Тој истакна дека долколку не постои оваа база на почит, тогаш не е можно да се зборува за мирот и спокојството меѓу културите, народите и заедниците.
„Етноспортовите се една мисија која го засегаат целиот свет“, рече тој, додавајќи дека вршат активности за промовирање на сите традиционални спортови во светот, а не само во Турција и во други одредени земји.
Ердоган нагласи дека сакаат да го сменат фактот дека заинтересираноста кон традиционалните спортови останува зад заинтересираноста кон олимписките спортови.
„Веруваме дека во споредба со олимписките спортови, зад овие [традиционалните] спортови стои поголемо верско богатство и поголема филозофска длабочина. Овие спортови не ги сметаме само како конкурентност, физичка активност и игра, туку ги сметаме како развој, формирање на карактер и како алатка за освестување“, истакна тој.
Додаде дека покрај традиционалните спортови, сакаат да ги актуализираат и музиката, ракотворбите, традиционалната народна култура, јазикот, облеката, танците и игрите кои се заборавени.
Ердоган рече дека државниците, како и другите институции, треба да дадат повеќе поддршка за традиционалните спортови.
„Посакуваме веќе на традиционалните спортови да им се даде вредноста која ја заслужуваат. Традиционалните спортови во светот сакаме да ги извадиме од листовите на енциклопедиите и од полиците на библиотеките, и повторно да ги ставиме на терен“, додаде Ердоган.
Според него, тие како светска конфедерација сакаат да го привлечат вниманието кон културните богатства не само на Турција, туку и на светот.
Тој истакна дека за да се стане силен народ, потребно е да се биде во единство.
„Традиционалните спортови и ваквите активности немаат некоја политичка или идеолошка димензија“, рече Ердоган, нагласувајќи дека народите ги сакаат овие спортови.
На овој форум учествуваа министри, владини претставници, федерациски претставници и професори од 49 земји. Форумот ќе заврши утре.