спорт

Италија: Поради вирусот „Ковид-19“ откажани три натпревари на Серија А

Поради претпазливост и страв од вирусот „Ковид-19“, во регионите Ломбардија и Венето одложени се сите спортски настани, како и натпреварите Интер - Сампдорија, Верона - Каљари и Аталанта - Сасуоло

Berad Büyük  | 23.02.2020 - Обновена : 24.02.2020
Италија: Поради вирусот „Ковид-19“ откажани три натпревари на Серија А

ИСТАНБУЛ (AA) - Поради вирусот „Ковид-19“ (коронавирус) во Италија се откажани три натпревари од Серија А што требаше да бидат одиграни денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поради претпазливост и страв од вирусот „Ковид-19“, во регионите Ломбардија и Венето одложени се сите спортски настани, како и натпреварите Интер - Сампдорија, Верона - Каљари и Аталанта - Сасуоло. Дополнително ќе бидат објавени нови термини за натпреварите.

Директорот на Цивилната заштита, Ангело Борели, вчера изјави дека од коронавирусот во Италија се заразени 79 лица, од кои две починаа, едно лице е пуштено дома, а кај 76 здравствената состојба е добра.

„Од последиците на заразувањето со вирусот „Ковид-19“ во Кина починаа 2.444 лица“, соопшти денес Националната комисија за здравје.

Според последните официјални податоци, досега заразата е потврдена кај 76.936 лица, додека во последните 24 часа починаа 97 лица, а регистирани се 648 нови случаи на заразување.

Вирусот „Ковид-19“ се прошири во повеќе од 20 држави, меѓу кои во САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.

Многу земји, вклучувајќи ја и Турција, ги евакуираа своите државјани од Вухан - епицентарот на ширењето на вирусот - и од другите погодени подрачја во Кина, ставајќи ги во карантин и под надзор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın