свет

Откриен коронавирус кај заменик-министерот за здравство на Иран

Херирчи изјави дека вчера бил задржан во карантин поради висока температура и дека е извршено тестирање за вирусот

Ahmet Dursun  | 25.02.2020 - Обновена : 26.02.2020
Откриен коронавирус кај заменик-министерот за здравство на Иран

АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за здравство на Иран, Иреч Херирчи, соопшти дека кај него е откриен новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Херирчи тоа го потврди преку соопштение објавено на неговиот профил на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека вчера бил задржан во карантин поради висока температура и дека е извршено тестирање за вирусот.

„Пред извесно време ги добив резултатите од тестот. И кај мене е откриен коронавирус“, додаде тој.

Херирчи истакна дека се наоѓа во добра состојба, при што рече: „Бидете сигурни дека ќе го победиме овој вирус.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.