свет

САД: Покрената е парница против Хафтар поради воените злосторства

Адвокатот напомена дека Хафтар не е државен претставник и дека нема имунитет, и додаде дека би требало да дојде на судење во американската сојузна држава Вирџинија да се соочи со злосторствата кои му се припишуваат

Safvan Allahverdi  | 25.02.2020 - Обновена : 27.02.2020
САД: Покрената е парница против Хафтар поради воените злосторства

ВАШИНГТОН (АА) - Адвокатот од Сoединетите Американски Држави (САД), Кевин Карол, изјави дека е покрената парница против водачот на нелегитимните сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, поради воени злосторства, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Хафтар ќе биде казнет за извршени злосторства“, изјави Карол кој е претставник на адвокатската канцеларија со седиште во Вашингтон, и додаде дека парницата е покрената во име на преживеаните семејства.

Напоменувајќи дека Хафтар има државјанство на САД и дека поседува голем имот таму, Карол наведе дека Хафтар и неговите блиски соработници ќе се пресметаат со американското правосудство.

„Еден од клиентите е државјанин на САД со либиски корени кој за време на кризата во Либија се обидел да го сочува својот дом. Тој во бомбардирањето за време на граѓанската војна е тешко ранет, но дури и во таа состојба е уапсен од силите на Хафтар и со денови е измачуван“, изјави Карол.

Карол изјави дека со тоа е прекршена третата и четвртата Женевска конвенција, и дека Хафтар како војник е одговорен за сите сторени злосторства.

Адвокатот напомена дека Хафтар не е државен претставник и дека нема имунитет, и додаде дека би требало да дојде на судење во американската сојузна држава Вирџинија да се соочи со злосторствата кои му се припишуваат.

Наведувајќи дека Хафтар во САД поседува 17 недвижни имоти кои се регистрирани на негово име, Карол изјави дека тој голем имот „не може да излезе од државата“ и дека ќе дојде ред и нему, доколку не се соочи со обвиненијата.

На прашањето на новинарите дали политиката ќе биде вмешана во случајот, Карол изјави дека многу американски медиуми пишуваат за поврзаноста на Хафтар со рускиот претседател Владимир Путин, за руската разузнавачка служба (GRU) и платениците од руската група „Вагнер“, и дека не верува дека некој од САД ќе се меша во случајот на Хафтар.

Против Хафтар досега се покренати три парници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın