спорт

ЕВРО 2020: Португалија избори пласман, Роналдо го постигна својот 99. погодок за репрезентацијата

Во рамките на последното, 10. коло, од квалификациите за учество во завршницата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020 следната година, вчера се одиграа 7 натпревари

18.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
ЕВРО 2020: Португалија избори пласман, Роналдо го постигна својот 99. погодок за репрезентацијата

СКОПЈЕ (АА) - Вчера се одиграа првите натпревари од последното коло од квалификациите за ЕВРО 2020 во фудбал, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на последното, 10. коло, од квалификациите за учество во завршницата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020 следната година, вчера се одиграа 7 натпревари.

Во групата Б, Португалија му гостуваше на Луксембург. Гостите извојуваа победа од 0:2 и обезбедија пласман во завршницата на ЕВРО 2020. Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и на овој натпревар успеа да се запише во листата на стрелци. Роналдо со погодокот постигнат во 86. минута ги постави конечните 0:2 за Португалија. Тоа е 99. погодок на Роналдо за португалската репрезентација. Најголем број погодоци, 109, за својот национален тим има постигнато иранскиот репрезентативец Али Деаи.

Србија поведе со 1:0 во 9. минута со удар од белата точка. Стрелец беше Душан Тадиќ. Украина успеа да изедначи на 1:1 во 32. минута преку Роман Јеремчук, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Србија успеа повторно да го преземе водството во 56. минута со голот што го постигна Александар Митровиќ. И кога сите го очекуваа крајот на натпреварот и победа на Србија, бод на Украина ѝ донесе Артем Бесједин со погодокот постигнат во судиското продолжение 90+3 за конечни 2:2.

Англија извојува убедлива победа на гостувањето во Косово. Гостите, кои претходно го обезбедија пласманот во завршницата на ЕВРО 2020, го победија Косово со 0:4.

Репрезентацијата на Бугарија ѝ беше домаќин на Чешка. Бугарија извојува минимална победа од 1:0 над Чешка, но гостите уште во претходните натпревари го обезбедија пласманот на Европското фудбалско првенство следната година.

Се одиграа сите натпревари и од групата Х. Франција и Турција, кои пласманот во завршницата на ЕВРО 2020 го обезбедија уште во минатото коло, извојуваа идентични победи од 0:2 на гостувањата во Албанија и Андора. Франција ја совлада Албанија, а Турција ја совлада Андора. Во третиот натпревар од оваа група Молдавија му беше домаќин на Исланд. Гостите извојуваа победа од 1:2.

Резултати од вчера одиграните средби:

Луксембург - Португалија 0 : 2

Србија - Украина 2 : 2

Бугарија - Чешка 1 : 0

Косово - Англија 0 : 4

Молдавија - Исланд 1 : 2

Албанија - Франција 0 : 2

Андора - Турција 0 : 2.

Вечерва се среќаваат:

20:45 Лихтенштајн - Босна и Херцеговина

20:45 Шпанија - Романија

20:45 Шведска - Фарски Острови

20:45 Грција - Финска

20:45 Малта - Норвешка

20:45 Ирска - Данска

20:45 Италија - Ерменија

20:45 Гибралтар - Швајцарија.

Вторник, 19 ноември, во рамките на 10. коло ќе се одиграат последните натпревари од квалификациите за пласман на ЕВРО 2020, а се среќаваат:

20:45 Летонија - Австрија

20:45 Германија - Северна Ирска

20:45 Велс - Унгарија

20:45 Северна Македонија - Израел

20:45 Белгија - Кипар (грчки дел)

20:45 Полска - Словенија

20:45 Сан Марино - Русија

20:45 Шкотска - Казахстан

20:45 Словачка - Азербејџан

20:45 Холандија - Естонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın