спорт

Лига на шампиони: Катастрофален пораз на Црвена звезда, Галатасарај не избори пласман во Лига Европа

Во рамките на 5. коло од групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони, се одиграа 8 натпревари во групите А, Б, Ц и Д

Mutlu Demirtaştan  | 27.11.2019 - Обновена : 28.11.2019
Лига на шампиони: Катастрофален пораз на Црвена звезда, Галатасарај не избори пласман во Лига Европа

ИСТАНБУЛ

Синоќа се одиграа првите средби од 5. коло од групната фаза во УЕФА Лигата на шампиони, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на 5. коло од групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа 8 натпревари во групите А, Б, Ц и Д.

Во групата А, Реал Мадрид на домашен терен одигра нерешено 2:2 против Париз Сен Жермен (ПСЖ). По оваа нерешена средба, ПСЖ ја загарантира лидерската позиција, а Реал Мадрид како второпласиран, на коло пред завршувањето на групната фаза, избори пласман во наредната фаза.

Во вториот натпревар од групата, Галатасарај на домашен терен го пречека Бриж. Натпреварот заврши нерешено 1:1. Домаќините не успеаја да извојуваат победа, којашто им носеше пласман во Лига Европа, препуштајќи му го тоа на Бриж.

ПСЖ е лидер на табелата во групата А со 13 бода од 5 средби. Реал Мадрид има 8 бода. Бриж е трет со 3 бода, а Галатасарај се наоѓа на последното место со 2 бода.


- Дожд од голови во групата Б

Во групата Б, Црвена звезда на домашен терен го пречека Баерн Минхен, а Тотенхем дома играше против Олимпијакос. На овие два натпревари беа постигнати дури 12 гола.

Тимот на Баерн Минхен на гостувањето во Белград против Црвена звезда извојува победа од 0:6. Полскиот интернационалец Роберт Левандовски, кој ги брани боите на Баерн, за 15 минути постигна 4 погодоци, во 53, 60, 64. и 68. минута од средбата. Со овој успех Левандовски стана играч кој за најкус период успеал да постигне 4 погодоци.

Тотенхем направи неверојатен пресврт. По водството на Олимпијакос од 0:2, домаќините успеаја да постигнат 4 гола едноподруго и на крајот да дојдат до победа.

Баерн Минхен е во водство во групата Б со максимални 15 бода од 5 средби. Тотенхем е втор со 10. Третопласирана е Црвена звезда со 3 бода, а последнопласиран е Олимпијакос со само 1 бод.


- Манчестер Сити во наредната фаза

Во групата Ц, Манчестер Сити на домашен терен го пречека Шахтјор Донецк. Натпреварот заврши 1:1, а Сити го задржа убедливото водство и остана на врвот од табелата во групата Ц. Манчестер Сити во исто време обезбеди и пласман во наредната фаза на Лигата на шампиони.

Динамо Загреб ѝ гостуваше на Аталанта. Италијанскиот претставник извојува победа од 2:0 и со оваа победа се замеша во борбата за пласман во наредната фаза или пласман во Лига Европа.

По ова коло Манчестер Сити е лидер со 11 бода, следува Шахтјор со 6, Динамо Загреб со 5 и Аталанта со 4 бода.


- Дибала со војнички поздрав

Во групата Д, Јувентус му беше домаќин на Атлетико Мадрид. Домаќините извојуваа победа од 1:0 и ја загарантираа лидерската позиција во групата.

Победничкиот погодок за Јувентус го постигна Аргентинецот Пауло Дибала од слободен удар во 45+2 минута. По погодокот Дибала дотрча до својот соиграч, турскиот интернационалец Мерих Демирел, и го поздрави со војнички поздрав.

Јувентус е лидер во групата Д со 13 бода. Следуваат Атлетико Мадрид со 7, Баер Леверкузен со 6 и Локомотив Москва на последната позиција со 3 бода.

- Резултати од синоќа одиграните натпревари:


Група А

Галатасарај - Клуб Бриж 1 : 1

Реал Мадрид - Париз Сен Жермен 2 : 2


Група Б

Црвена звезда - Баерн Минхен 0 : 6

Тотенхем - Олимпијакос 4 : 2


Група Ц

Аталанта - Динамо Загреб 2 : 0

Манчестер Сити - Шахтјор Донецк 1 : 1


Група Д

Локомотив Москва - Баер Леверкузен 0 : 2

Јувентус - Атлетико Мадрид 1 : 0.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın