спорт

Преглед на колото во петте најголеми фудбалски лиги во Европа

Англискиот премиерлигаш Ливерпул воден од германскиот фудбалски тренер Јирген Клоп во 13. коло како гостин го совлада Кристал Палас со 1:2 и со 37 бода продолжува да биде лидер во Премиер-лигата

Yunus Kaymaz  | 25.11.2019 - Обновена : 26.11.2019
Преглед на колото во петте најголеми фудбалски лиги во Европа

ИСТАНБУЛ (АА) - На крајот од ова коло, екипите на Ливерпул, Барселона, Јувентус, Борусија Менхенгладбах и Париз Сен Жермен се лидери во своите национални лиги, пишува Агенција Анадолија (АА).

- Премиер-лига -

Англискиот премиерлигаш Ливерпул воден од германскиот фудбалски тренер Јирген Клоп во 13. коло како гостин го совлада Кристал Палас со 1:2 и со 37 бода продолжува да биде лидер во Премиер-лигата.

„Црвените“ со оваа победа ја продолжија својата серија без пораз во Премиер-лигата на 30 натпревари.

Лестер како гостин го совлада Брајтон со 0:2 и дојде до својата петта последователна победа.

Последниот шампион во Премиер-лигата, екипата на Манчестер Сити, како домаќин го совлада Челси со 2:1.

По 13. коло во Премиер-лигата, Ливерпул води со 37 бода, следува Лестер со 29, а третопласирана е екипата на Манчестер Сити со 28 бода.

- Ла лига -

Лидерот Барселона на гостувањето кај Леганес губеше со 1:0 во првото полувреме, но на крајот се радуваше, совладувајќи го домаќинот со 1:2.

Реал Мадрид на домашен терен го совлада Реал Сосиедад со 3:1.

Атлетико Мадрид одигра нерешено, 1:1 на гостувањето против Гранада, додека Севилја како гостин го совлада Валјадолид со 0:1.

По 14. коло во шпанската Ла лига, Барселона и Реал се лидери на табелата со 28 бода и еден натпревар помалку. Следува Севилја со 27 бода, а на четвртата позиција е Атлетико Мадрид со 25 бода.

- Серија А -

Јувентус во 13. коло од Серијата А ѝ гостуваше на Атланта. По првото полувреме кое заврши без погодоци, домаќините поведоа во вториот дел, но Јувентус постигна 3 погодоци по ред и извојува победа од 1:3.

Интер му гостуваше на Торино. Домаќините не успеаја да постигнат ниту еден погодок, но Интер постигна 3 и со победата од 0:3 продолжува да држи чекор со Јувентус, заостанувајќи само 1 бод.

Лацио му гостуваше на Сасуоло. Гостите извојуваа значајна победа од 1:2, додека Рома на домашен терен со 3:0 ја совлада Бреша.

По 13. коло во Серијата А, Јувентус е лидер на табелата со 35 бода. Следуваат Интер со 34 бода, Лацио со 27 и Рома со 25.

- Бундес-лига -

Лидерот во германската Бундес-лига, екипата на Борусија Менхенгладбах, му гостуваше на Унион Берлин. Домаќините извојуваа важна победа против лидерот од 2:0.

Баерн Минхен кој е шампион на Германија во последните седум години, ѝ гостуваше на екипата на Фортуна Дизелдорф. Гостите извојуваа висока победа од 0:4.

Лајпциг на домашен терен го совлада Келн со 4:1, а Фрајбург одигра нерешено - 1:1 на гостувањето против Баер Леверкузен.

По 12. коло од германската Бундес-лига, Борусија Менхенгладбах е лидер на табелата со 25 бода, следуваат Лајпциг и Баерн Минхен со 24, а Фрајбург и Шалке 04 имаат по 22 бода.

- Лига 1 -

Екипата на Париз Сен Жермен, лидерот во француското фудбалско првенство, на домашен терен го совлада Лил со 2:0.

Олимпик Марсеј на гостувањето во Тулуз дојде до 3 бода по победата од 0:2, а Анжер со 1:0 на домашен терен го совлада Ним.

Бордо на домашен терен го совлада Монако со 2:1, а Сент Етјен одигра нерешено без погодоци - 0:0 против гостинот Монпелје.

По 14. коло ПСЖ продолжува со својата лидерска позиција во француската Лига 1. На втората позиција е Олимпик Марсеј со 25 бода, трет е Анжер со 24, а Бордо и Сент-Етјен се на делбата на ја делат четвртата позиција со по 22 бода.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın