Berad Büyük
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од француската Прва фудбалска лига (Лига 1), Монако, го трансферираше Висам Бен Једер, кој го носеше дресот на шпанскиот клуб Севиља, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот Монако, со 29-годишниот стрелец е потпишан договор на пет години.
Бен Једер во 2016 година премина во Севиља, со чиј дрес одигра 54 натпревари и постигна 30 погодоци.