22 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Новоименуваниот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти, изјави дека целта му е да ги однесе „карамелите“ во Лигата на шампиони и да освојува трофеи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Целта е да се достигне Лигата на шампионите или Лига Европа. Тука сум да се обидам“, рече 60-годишниот италијански стручњак.
Додаде дека за остварување на таквите соништа потребно е време.
„Со заедничка работа мора да се обидеме да го оствариме тоа што е можно поскоро“, порача Анчелоти, пренесува „Би-би-си“ (BBC).
Еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата, според потпишаниот договор, ќе го води англискиот клуб до крајот на сезоната 2023/24.
Анчелоти го наследи Марко Силва, кој на 6 декември доби отказ по 18 месеци минати на клупата.
Италијанецот на 10 декември беше отпуштен од Наполи по натпреварот од Лигата на шампиони во која избори пласман во осминафиналето на тоа натпреварување.
Англиската Премиер лига не му е непознат терен бидејќи од 2009 до 2011 година го водеше Челси, со кој го освои домашното првенство, ФА Купот и англискиот суперкуп „Комјунити шилд“.
Тој исто така е и трикратен освојувач на Лигата на шампиони, а ги освојуваше и домашните првенства во Франција, Италија и Германија.