Hüseyin Burak Demirer
23 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа 5 средби во американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Последниот НБА-шампион, екипата на Торонто Репторс, на домашен терен ја пречека екипата на Далас Маверикс. Домаќините на 15 минути пред крајот на натпреварот губеа со 30 разлика, а во 4. четвртина влегоа со минус 23 поени, но успеаја на крајот да слават победа над Маверикс од 110:107.
Во екипата на Репторс, која го оствари најголемото резултатско враќање во историјата на НБА, извонредна игра покажа Кајл Лаури постигнувајќи дабл-дабл од 32 поена, 10 асистенции и 8 скока, од кои 20 поени постигна во последната четвртина.
Покрај Лаури, свој придонес во победата на Репторс дадоа и Крис Бушер со 21 поен и 7 скока и Ронди Холис-Џеферсон со 18 поени и 9 скока.
Во редовите на Маверикс најдобри поединци беа Џалеј Брунсон со 21 поен и 9 скока, Кристапс Порзингис со дабл-дабл од 19 поени, 12 скока и 3 блокади и Двајт Пауел со 17 поени и 9 скока.
- Нова победа на Бакс -
Екипата на Милвоки Бакс, која го има највисокиот процент на победи во НБА-лигата, на домашен терен ја пречека екипата на Индијана Пејсерс. Домаќините извојуваа победа од 117:89, доаѓајќи до својата 27. победа на 31 натпревар.
Sвездата на Бакс, Јанис Антетокумпо, постигна дабл-дабл од 18 поени, 19 скока и 9 асистенции. Џорџ Хил постигна 17 поени и 9 скока, Брук Лопез 17 поени и 8 скока, а турскиот интернационалец Ерсан Илјасова го заврши натпреварот со 3 поени и 4 скока.
Во редовите на Пејсерс најдобар перформанс покажа Домантас Сабонис со дабл-дабл учинок од 19 поени, 18 скока и 5 асистенции и Малком Брогдон со дабл-даб од 10 поени и 10 асистенции.
На синоќа одиграните средби постигнати се следните резултати:
Торонто Репторс - Далас Маверикс 110 : 107
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 119 : 93
Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс 117 : 89
Оклахома Сити Тандерс - Лос Анџелес Клиперс 118 : 112
Лос Анџепес Лејкерс - Денвер Нагетс 104 : 128.