Hüseyin Burak Demirer
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
АНКАРА
- Хусејин БУРАК ДЕМИРЕР
Викендов се одиграа натпреварите во сите европски фудбалски лиги, а Агенција Анадолија (АА) ви го дава прегледот на петте најголеми, Премиер лигата (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундес лига (Германија) и Лига 1 (Франција).
По одиграното коло викендов, на врвот на табелата во Англија е Ливерпул, во Шпанија е Барселона, во Италија Интер, во Германија Лајпциг и во Франција е Париз Сен Жермен (ПСЖ).
Натпреварите во Ла Лига и Серија А продолжуваат по две недели, во Лига 1 по три недели, а натпреварите во Бундес лигата ќе се играат по еден месец.

- Премиер лига
Ливерпул, кој се наоѓа на врвот на Премиер лигата, поради учеството на Светскиот клупски куп на ФИФА го одложи натпреварот против Вест Хем Јунајтед.
Манчестер Јунајтед, кој го следи Ливерпул на табелата, на домашен терен со 3:1 го совлада Лестер Сити, со што е прекината серијата на Лестер од 9 натпревари без пораз.
Во лондонското дерби, Челзи како гостин со погодоците во 12. и 45+4 минута извојува значајна победа на гостинскиот терен на Тотенхем. Домаќините во 62. минута останаа со играч помалку откако судијата му додели црвен картон на Сон Хеунг-мин.
По 18. коло, Ливерпул се наоѓа на врвот од Премиер лигата со 49 бода и натпревар помалку. Следува Лестер Сити со 39, Манчестер Сити со 38 и Челзи со 32 бода.
- Ла лига
Лидерот Барселона како домаќин извојува победа од 4:1 против Алавес.
Реал Мадрид на домашен терен одигра без голови 0:0 против Атлетико Билбао.
Севиља и Атлетико Мадрид извојуваа победи на гостински терен и со 3 бода се вратија дома. Севиља беше подобра од Мајорка, совладувајќи ја со 0:2, а Атлетико Мадрид од Реал Бетис, победувајќи го со 1:2.
По одиграното 18. коло, Барселона се наоѓа на врвот од шпанската Ла лига со 39 бода. Следуваат Реал Мадрид со 37, Севиља со 34 и Атлетико Мадрид со 32 бода.
- Серија А
Интер ѝ беше домаќин на Џенова, совладувајќи ја со 4:0, а Јувентус како гостин со 1:2 ја совлада Сампдорија.
И Рома со победа се врати од гостувањето во Фиренца, совладувајќи ја Фиорентина со 1:4.
По 17. коло во Серија А, Интер се наоѓа на врвот со 42 бода, пред Јувентус од кој има подобра гол-разлика. Следуваат Лацио со 36 бода и натпревар помалку и Рома на четвртото место со 35 бода.
- Бундес лига
Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, кои се двете првопласирани екипи во германската Бундес лига, во текот на една недела одиграа по два натпревара, освојувајќи по 4 бода на овие средби.
Лајпциг како гостин одигра нерешено 3:3 против Борусија Дортмунд, а на домашен терен го совлада Аугсбург со 3:1.
Борусија Менхенгладбах како домаќин го совлада последнопласираниот Падерборн со 2:0, а на гостинскиот терен на Херта одигра без голови 0:0.
Баерн Минхен се искачи на третата позиција во Бундес лигата по победата на гостинскиот терен на Фрајбург од 1:3 и над Волфсбург од 2:0 како домаќин.
По 17. коло во Бундес лигата, со 37 бода на врвот се наоѓа Лајпциг, следува Борусија Менхенгладбах со 35, а на третата позиција е Баерн Минхен со 33 бода.
- Лига 1
ПСЖ, кој се наоѓа на врвот од табелата, на домашен терен со 4:1 го совлада Амиен.
Олимпик Марсеј со 3:1 го совлада Ремс, а Рен го победи Бордо со 1:0.
По одиграното 19. коло во Лига 1, ПСЖ се наоѓа на врвот од табелата со 45 бода и натпревар помалку. Следуваат Олимпик Марсеј со 38, Рен со 33 и Лил со 31 бод.