Berad Büyük
24 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Џузепе Јакини е новиот шеф на стручниот штаб на италијанскиот фудбалски клуб „Фиорентина“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управата на тимот на Фиорентина ја потврди информацијата дека на клупата на „виолите“ седна Јакини, кој претходно во кариерата ги водеше екипите на Удинезе, Сасуолo и Емполи.
Јакини на клупата на Фиорентина го замени Винченцо Монтели, кој доби отказ откако тимот, во минатото коло, на домашен терен изгуби од Рома со резултат 4:1.