Mutlu Demirtaştan
27 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Овој викенд во Европа се одиграа возбудливи натпревари во петте најголеми фудбалски лиги: Премиер лигата (Англија), Бундеслигата (Германија), Ла Лига (Шпанија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција), јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа недела, на врвот од табелата во Англија се наоѓа Челзи, во Германија е Баерн Минхен, во Шпанија, Реал Мадрид, Јувентус во Италија и Монако во Франција.
- Ла Лига -
Реал Мадрид гостуваше кај Вилјареал. Иако домаќинот Вилјареал имаше водство од 2:0, Реал се врати во игра и со резултат 2:3 извојува победа и ја сочува својата лидерска позиција во Ла Лига.
Екипата на Барселона на гостински терен ја победи екипата на Атлетико Мадрид со 1:2.
Севилја, која се наоѓа на третата позиција на табелата, со резултат 2:1 беше подобра во дербито против Реал Бетис.
По одиграното 24. коло од Ла Лигата, Реал Мадрид се наоѓа на врвот од табелата со 55 поени и еден натпревар помалку. Барселона се наоѓа на втората позиција со 54 поени, на трето место е Севилја со 52 поени. На четвртата позиција се наоѓа Атлетико Мадрид со 45 поени.
- Премиер Лига -
Лидерот во англиската лига, Челзи, со резултат 3:1 како домаќин ја совлада екипата на Свонзи Сити.
Тотенхем, кој ја следи лидерската позиција, славеше со 4:0 против Сток Сити.
Поради финалето во купот на лигата беа одложени натпреварите меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како и Саутемптон – Арсенал. Вечерва Арсенал ќе му биде гостин на последниот англиски шампион, Лестер Сити.
На прво место на табелата се наоѓа Челси со 63 поени, второпласираниот Тотенхем има 53 поени, третопласираниот Манчестер Сити има 52 поена. На четвртото место се наоѓа Арсенал со 50 поени, по кој следуваат Ливерпул со 49 поени и Манчестер Јунајтед со 48 поени.
- Серија А -
Јувентус, шампион во последните 5 сезони во Серија А, ја совлада екипата на Емполи со 2:0.
Тимот од главниот град, Рома со резултат 3:1 го победи домаќинот Интер.
Домаќинот Наполи, кој 14 натпревари немаше пораз, со 2:0 беше совладан од Аталанта.
Со 66 поени, Јувентус се наоѓа на врвот на табелата во Серија А. Второпласирана екипа е Рома со 59 поени.
- Бундеслига -
Во 22. коло од Бундеслигата, Баерн Минхен го совлада Хамбург со резултат 8:0, и со оваа победа ја сочува лидерската позиција.
Второпласираниот Лајпциг како домаќин со 3:1 ја совлада екипата на Келн.
Борусија Дортмуд гостуваше кај Фрајбург. Гостинската екипа извојува победа од 3:0.
Баерн Минхен ја чува својата лидерска позиција со 53 поени, второпласираниот Лајпциг има 48 поени. На трето место се наоѓа екипата на Борусија Дортмунд со 40 поени, по кој следуваат Хофенхајм со 38 поени и Херта Берлин со 37 поени.
- Лига 1 -
Монако, лидерот во француската Лига 1, како гостин успеа да го победи домаќинот Генгам со резултат 2:1.
Шампионот во последните 4 сезони, Пари Сен-Жермен (ПСЖ), со резултат 5:1 како гостин го совлада Олимпик Марсеј.
Ница како домаќин го совлада Монпелје со резултат 2:1.
На врвот од табелата во Лига 1 по 27. коло се наоѓа Монако со 62 поена, по кој следуваат ПСЖ и Ница со 59 поени.