ИСТАНБУЛ (АА) - МУТЛУ ДЕМИРТАШТАН -
Викендов се играа натпреварите во европските фудбалски лиги, пишува Anadolu Agency (AA).
Следи преглед на резултатите од најзначајните средби и приказ на првопласираните тимови од најголемите европски фудбалски лиги, Премиер лига, Ла лига, Серија А, Бундес лига и Лига 1.
По одиграните натпревари викендов, Манчестер Сити е лидер во Премиер лигата, Барселона во Ла лигата, Борусија Дортмунд во Бундес лигата, а Париз Сен Жермен во Лига 1.
- Премиер лига -
Последниот шампион во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, како домаќин во дербито го совлада Манчестер Јунајтед со резултат 3:1, со што ја постигна својата 4-та едноподруга победа.
Ливерпул, кој е второпласиран, на домашен терен го совлада Фулам со 2:0, додека третопласираниот Челзи на домашен терен одигра нерешено 0:0 против Евертон.
Третопласираниот Тотенхем на гости го совлада тимот на Кристал Палас со 0:1, а Арсенал на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Вулверхемптон.
По 12. коло во Премиер лигата, Манчестер Сити се наоѓа на врвот од табелата со 32 бода, Ливерпул е второпласиран со 30 бода, додека екипата на Челзи на третата позиција заостанува 4 бода. Следува Тотенхем со 27 поени, додека Арсенал на петтата позиција има 24 бода.
- Ла лига -
Видендов се одиграа натпреварите од 12. коло во шпанското фудбалско натпреварување Ла лига.
На средбата на која првпат по повредата заигра аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, Барселона на домашен терен загуби со резултат 3:4 од Реал Бетис. Но и покрај поразот, Барселона ја сочува лидерската позиција.
Тимот на Севиља дома ја совлада екипата на Еспањол со резултат 2:1. Атлетико Мадрид со резултат 3:2 на домашен терен ја совлада екипата на Атлетико Билбао, додека Алавез ја совлада Хуеска со 2:1.
Реал Мадрид кој е во подем под водство на тренерот Сантијаго Солари, на гостински терен ја совлада екипата на Селта Виго со резултат 2:4, приближувајќи се кон врвот.
По натпреварите од 12. коло во шпанската Ла лига, и покрај поразот, Барселона се наоѓа во врвот на Ла лигата со 24 бода. Следуваат екипите на Севиља, Атлетико Мадрид и Алавез со по 23 бода. Петтопласиран е Еспањол со 21 поен, додека Реал Мадрид е на шестата позиција со 20 бода.
- Серија А -
Тимот на Јувентус кој е освојувач на последните 7 шампионски титули во Серијата А, на гостински терен ја совлада екипата на Милан со 0:2, постигнувајќи ја 11-тата победа во 12 кола.
Наполи иако губеше на гостинскиот терен во Џенова, сепак на крајот извојува победа од 1:2.
Аталанта на домашен терен беше поуспешна од Интер, совладувајќи го со 4:1, додека Лацио против Сасуоло одигра нерешено 1:1.
По 12. коло во Серија А, на врвот со 34 бода се наоѓа Јувентус. Следуваат Наполи со 28, Интер со 25, Лацио со 22 и Милан со 21 бод.
- Бундес лига -
Борусија Дортмунд, која е единствена непоразена екипа во германската Бундес лига, викендов играше против последниот шампион во германската фудбалска лига. Со победата од 3:2, Дортмунд успеа да ја сочува лидерската позиција.
Борусија Менхенгладбах на гости го совлада Вердер Бремен со 3:1, додека Лајпциг како домаќин го совлада Баерн Леверкузан со 3:0.
Ајнтрахт Франкфурт беше подобра од Шалке 04 со резултат 3:0.
По 11. коло во германската Бундес лига, на лидерската позиција се наоѓа Борусија Дортмунд со 27 бода. Следуваат Борусија Менхенгладбах со 23, Лајпциг со 22 и Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен со по 20 бода.
- Лига 1 -
Лидерот Париз Сен Жермен на гостински терен успеа да го совлада Монако со резултат 0:4 и ја продолжи серијата од 13 победи во 13 натпревари.
Со оваа победа, ПСЖ го издигна рекордот на екипа со најдобар почеток на сезоната меѓу петте најпрестижни фудбалски лиги во Европа.
Лил на домашен терен одигра без голови 0:0 против Стразбург, а Монпелје на гостински терен загуби со 1:0 од Анже. Олимпик Лион како гостин го совлада Гингам 2:4.
По 13. коло во француската Лига 1, лидер на табелата со максимален учинок од 39 бода е ПСЖ, второпласирана е екипата на Лил со 26 бода, третопласиран е Монпелје со 25 бода, додека Олимпик Лион е четвртопласиран со 24 бода.