Mutlu Demirtaştan
11 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа 10 натпревари од Американската професионална кошаркарска лига (НБА), јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата на Мемфис Гризлис на домашен терен ја совлада Филаделфија Севентисиксерс, со резултат 112:106.
Најголем придонес во 7. победа сезонава за Гризлис дадоа Мајк Конли со 21 поен, Марк Гасол со 18 и Герет Темпл со 17 поени.
Ова е 6. пораз сезонава за Севентисиксерс, во чии редови најпрецизни на овој натпревар беа Џ. Џ. Редик со дабл-дабл од 20 поени и 16 скока, Бен Симонс со дабл-дабл од 18 поени и 14 скока и Џоел Ембид со 14 поени.
- Пораз на Бакс во продолжение
На гостинскиот терен на Лос Анџелес Клипер, Милвоки Бакс загуби во продолжението со резултат 128:126.
Во 7. победа на Клиперс се истакнаа Монтрези Харел со 26 поени, Патрик Беверли со 21 и Тобајас Харис со 20 поени.
Во гостинската екипа Јанис Адетокунбо со дабл-дабл учинок од 27 поени, 18 скока, 4 асистенции, 5 украдени топки и 2 блокади, не успеа да го спречи 3. пораз на Милвоки Бакс сезонава. Малком Брогдон постигна 23, Брук Лопез 20, а Ерик Бледсо, 15 поени.
За вечерва се закажани 6 натпревари.
- Резултати
Торонто Репторс - Њујорк Никс 128:112
Лос Анџелес Клиперс - Милвоки Бакс 128:126 (во продолжение)
Њу Орлеанс Пеликанс - Феникс Санс 119:99
Чикаго Булс - Кливленд Кавалирс 99:98
Мемфис Гризлис - Филаделфија Севентисиксерс 112:106 (во продолжение)
Мајами Хит - Вашингтон Визард 110:116
Голден Стејт Вориорс - Бруклин Нетс 116:100
Сан Антониот Спарс - Хјустон Рокетс 96:89
Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандерс 111:96
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Лејкерс 86:101