спорт

Ветераните на белградска Црвена звезда утре доаѓаат во Скопје

„Ветераните на Звезда многу активно живеат и сакаат да се дружат, патувајќи низ повеќе места низ светот, посебно во Европа, во кој што сакаат повторно го возвратат, да го актуализираат фудбалот како игра, како нешто што е сепак забава за луѓето“

Husameddin Gina  | 12.11.2018 - Обновена : 13.11.2018
Ветераните на белградска Црвена звезда утре доаѓаат во Скопје

Skopje

СКОПЈЕ (AA) – „Фудбалери од калибарот на Џајиќ, Караси, Шестиќ, Савиќ, Пижон, ветераните на белградската Црвена звезда утре ќе гостуваат во Скопје, на ревијалниот натпревар со ветераните од Скопје, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Град Скопје“, изјави поранешниот градоначалник на Град Скопје, Трифун Костовски, јавува Anadolu Agency (AA).

Костовски, на заедничката прес-конференција со фудбалската легенда на Македонија, поранешниот играч на Црвена звезда Дарко Панчев, во интерес на фудбалот ги повика љубителите на фудбалот да присуствуваат на утрешниот натпревар.

„Зошто баш овој ден, некако ни се склопија коцките баш за овој ден бидејќи ветераните на Звезда многу активно живеат и многу сакаат да се дружат, патувајќи низ повеќе места низ светот, посебно во Европа, во кој што сакаат повторно го возвратат, да го актуализираат фудбалот како игра, како нешто што е сепак забава за луѓето“, рече Трифун Костовски. 

Костовски, исто така, изјави дека ревијалниот натпревар е со јасна порака.

„Да се дружиме, да бидеме пријатели и да го промовираме фудбалот“, нагласи Костовски.

Дарко Панчев како бивш фудбалер на Црвена звезда првото полувреме ќе игра за Црвена звезда, а второто за екипата од Скопје.

Тој нагласи дека ќе му помогне на Костовски за да бидат пречекани звучните имиња на белградскиот најтрофеен клуб.

„Во чест на пријателството, на зближувањето на луѓето, на сеќавањата на убавите моменти кои ни ги пружа фудбалот и секако јас се вклучив во тоа, ќе помогнам заедно со уште некои мои колеги што подобро да ги пречекаме овие големи имиња кои секако значат многу на овие простори“, истакна Панчев.

За екипата од Скопје покрај Панчев ќе играат Илија Најдовски, Митко Стојковски, Драги Канатларовски, Пепи Гергиевски.

Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 13 часот на помошното игралиште на ФК Работнички. Организатор на ревијалниот натпревар е поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.