Mutlu Demirtaştan
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Со лекарски прегледи утврдено е дека фудбалерите на Реал Мадрид, Начо Фернандез и Карлос Каземиро, поради повредите мора подолго да отсуствуваат од теренот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Начо и Каземиро се повредени во текот на неодамнешниот меч против Селта Виго, кој тимот од Мадрид го доби со резултат 4 : 2.
Лекарите утврдиле дека Начо претрпел повреда на лигаментите на десното колено, а Каземиро повреда на десниот скочен зглоб.
Одбранбениот фудбалер Начо поради повредата ќе отсуствува од теренот најмалку два месеца, додека Каземиро може да почне со натпревари по тринеделна терапија.
Двајцата играчи се приклучија на долгиот список повредени фудбалери на Реал на кој се и Дани Карвахал, Рафаел Варан, Марсело и Хесус Ваљехо.