спорт

НБА: Трипл-дабл на Дурант, недоволен за победа на Голден Стејт Вориорс

Синоќа се одиграа девет натпревари во НБА. Вориорс загуби од Клиперси, додека Филаделфија Севентисиксерс на гостински терен беше поуспешна од Мајами Хит.

Doga Kirmizioglu  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
НБА: Трипл-дабл на Дурант, недоволен за победа на Голден Стејт Вориорс

Ankara

АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа девет натпревари во Американската професионална кошаркарска лига НБА, јавува Anadolu Agency (AA).

Филаделфија Севентисиксерс, која се натпреварува во Источната конференција, ѝ гостуваше на Мајами Хит. Севентисиксерс ја извојува својата 9. победа сезонава, совладувајќи ја Мајами со резултат 114:124.

Најдобри во редовите на Филаделфија Севентисиксерс беа Џоел Ембид со дабл-дабл учинок од 35 поени и 18 скока, Џ. Џ. Редик со 25 поени, турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз за 22 минути игра постигна 16 поени, 4 скока и една украдена топка.

Мајами Хит го претрпе својот 8. пораз сезонава, а Горан Драгиќ со 22 поени, Џош Ричардсон со 17 и Хасан Вајтсајд со дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 скока не успеаја да го спречат поразот.

- Вориорс загубија во продолженијата

Во борбата меѓу претставниците од Западната конференција, Лос Анџелес Клиперс во регуларниот дел од натпреварот одигра нерешено против Голден Стејт Вориорс. Во продолженијата Клиперси славеа победа на Вориорс од 121:116.

Ова е 8. победа на Клиперси сезонава, а најголем придонес за тоа дадоа Лоу Вилијамс со 25 поени и 6 асистенции, Монтрезл Харел со 23 поени и 8 скока и Тобајас Херис со 17 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Ова е трет пораз на Голден Стејт Вориорс сезонава. Кевин Дурант постигна трипл-дабл од 33 поени, 11 скока и 10 асистенции, Клеј Томсон 31 поен, додека ол-стар ѕвездата Стефен Кари поради повреда не настапи на овој натпревар.

За вечерва се закажани три натпревари во НБА.

Резултати:

Вашингтон Визардс - Орландо Меџик 117:109

Мајами Хит - Филаделфија Севентисиксерс 114:124

Торонто Рапторс - Њу Орлеанс Пеликанс 110:126

Чикаго Булс - Далас Маверикс 98:103

Мемфис Гризлис - Јута Џез 88:96

Минесота Тимберволвс - Бруклин Нетс 120:113

Оклахома Сити Тандер - Феникс Санс 118:101

Сакраменто Кингс - Сан Антонио Спарс 104:99

Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс 121:116

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.