Yunus Kaymaz
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Последниот шампион на НБА, екипата на Голден Стејт Вориорс, како гостин го совлада Чикаго Булс со резултат 149 : 124. На истиот натпревар, Клеј Томсон влезе во историјата на НБА, постигнувајќи 14 тројки во првите три четвртини, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари од американската професионална кошаркарска лига НБА. Со победата над Чикаго Булс од 149 : 124, Голден Стејт Вориорс имаат серија 5 од 5, а Клеј Томсон со својата игра стави печат на натпреварот. Овој 28-годишен играч на Вориорс успеа да постигне 14 тројки, со што го урна рекордот од 13 тројки кој досега беше во рацете на Стив Кер.
Томсон со скор од 52 поени и 5 скока, Стефан Кари со 23 поени и 8 скока и Алфонзо Мекини со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока дадоа голем придонес за победата на Вориорс.
Во домашната екипа најистакнати играчи беа Зек Лавин и Антонио Блекни со по 21 поен, што не беше доволно Булси да го избегнат поразот.
- Ерсан на свој грб ги понесе Баксите -
Милвоки Бакс на домашен терен ја совлада екипата на Торонто Рапторс со резултат 124 : 109. На овој натпревар турскиот интернационалец Ерсан Илјасова беше најдобар играч во редовите на домаќинот, со дабл-дабл учинок од 19 поени, 10 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Бакс се истакнаа и Малколм Брогдон и Ерик Бледсо со по 17 поени. Во гостинската екипа се истакнаа Серж Ибака со 30 поени и 9 скока и Паскал Сајакем со 22 поени и 8 скока.
Филаделфија Севентисиксерс ја совлада Атланта Хоукс со резултат 113 : 92.
- Лејкерси загубија на гости -
Скорот на Леброн Џејмс од 29 поени, 10 скока, 8 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади не беше доволен да се спречи поразот на Лос Анџелес Лејкерс на гостинскиот терен на Минесота Тимберволвс од 124 : 120.
Значајна улога во победата на Тимберволвс дадоа Џими Батлер со 32 поени, 6 скока, 4 асистенции и Карл Ентони Таунс со дабл-дабл од 25 поени и 16 скока.
Ова беше 5-ти пораз на Лејкерси сезонава.
Резултати од синоќешните натпевари:
Индијана Пејсерс - Портланд Треил Блејзерс 93 : 103
Филаделфија Севентисиксерс - Атланта Хоукс 113 : 92
Мајами Хит - Сакраменто Кингс 113 : 123
Њујорк Никс - Бруклин Нетс 115 : 96
Чикаго Булс - Голден Стејт Вориорс 124 : 149
Милвоки Бакс - Торонто Репторс 124 : 109
Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Лејкерс 124 : 120
Сан Антонио Спарс - Далас Маверикс 113 : 108
Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс 116 : 111