Dejan Maksimovic
26 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс ги пофали играчите на американскиот фудбал кои протестираа против Доналд Трамп и го обвинија дека го користи спортот за да ги подели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во петокот рече дека играчите на НФЛ, кои не стојат туку клечат за време на интонирањето на националната химна на САД, треба да добијат отказ.
Ова во текот на викендот предизвика уште помасовен протест на играчите на американскиот фудбал, кои му одговорија со клечење, со држење за раце или така што останаа во соблекувалните.
„Луѓето ја водат оваа земја. Нема да дозволам поединец, без оглед на неговата моќ, да го користи спортот како платформа за поделба. Спортот е толку неверојатен што може да направи сѐ за нас. Без оглед на нивниот изглед, големина, тежина, етничка припадност, религија или било што друго, луѓето се идентификуваат со тимовите, играчите и боите поради спортот. Спортот ги зближува луѓето како ништо друго“, изјави Џејмс за американските медиуми.
Брилијантниот кошаркар во моментов игра за Кливленд Кавалиерс (Cleveland Cavaliers), тимот кој ја започна својата кариера во НБА. Тој одреден период беше во Мајами Хит (Miami Heat), со кои во 2012 и 2013 година ја освои титулата шампиони на НБА, но се врати во Кливленд во 2014 година. Предминатата сезона, со Кливленд Кавалиерс го освои НБА прстенот, а е еден од најдобрите и најпопуларни кошаркари во САД. За време на претседателската кампања во 2016 година, отворено ја поддржуваше Хилари Клинтон.