Alma Çekovic
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Англиската фудбалска асоцијација (ФА) одлучи да не го казни менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, откако во саботата, на гостување кај Саутемптон беше исклучен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во последната минута од судското продолжение, Мурињо за момент влезе на теренот за игра, поради што главниот судија Крег Паусон го исклучи.
По натпреварот кој заврши со победата на Јунајтед (1:0), Португалецот не се жалеше на одлуката на судијата.
Откако беше анализиран судискиот извештај, ФА одлучи да не го казни Мурињо.
Дисциплинската комисија на ФА минатата година, во два наврата на Мурињо му изрече забрана за водење на тимот на еден натпревар, потсетува „BBC“ (Би-би-си).