Dejan Maksimoviç
16 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
МАНЧЕСТЕР (АА) - Техничкиот директор на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за британските медиуми изјави дека секој играч во неговит тим кој не е задоволен од својот статус може да си замине за вистинска цена, јавува Anadolu Agency (AA).
Според британските медиуми, оваа констатација на Мурињо би можела да ја отвори вратата за излез на Ерменецот Хенрих Мхитарјан, кој не започна ниту еден натпревар за Јунајтед уште од 5. ноември во дуелот со Челзи. Освен тоа, Мхитарјан во последните 4 натпревари не беше ниту на клупата за резервни играчи на Манчестер.
„Доколку играчот не е среќен и ние добиеме понуда за која ќе процениме дека е добра за нас, никогаш не би рекол не. Мојот пристап како технички директор на клубот е секој играч да има своја цена”, изјави Мурињо.
Мхитарјан беше трето засилување на португалскиот тренер по неговот одоаѓање на Олд Трафорд, а за цена од 30 милиони фунти (околку 34 милиони евра) донесен е од редовите на Борусија Дортмунд.
Изминатиот јануари Мурињо им дозволи на Мемфис Депај да премине во Олимпик Лион, а Морган Шнајдерлин во редовите на Евертон. Нешто подоцна не му правеше проблем ниту на Бастијан Швајнштајгер кој премина во Чикаго Фајр.
Мхитарјан во јули 2016 година на Олд Трафорд пристигна како големо засилување. Од тогаш одигра 58 натпревари и постина 13 погодоци. Во својата кариера Мхитарјан настапи за екипите на Пјуник, Металург Донецк, Шахтјор Донецк и Борусија. За репрезентацијата на Ерменија настапи 70 пати, постигнувајќи 20 погодоци.