Alma Çekovic
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
МАНЧЕСТЕР (АА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја критикуваше атмосферата на Олд Трафорд во текот на вчерашниот натпревар против Хадерсфилд, каде што "црвените ѓаволи" победија со резултат од 2:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новото засилување Алексис Санчез, кој вчера го постигна првиот погодок за клубот, Португалецот ја коментираше атмосферата на стадионот.
„Тоа е неговиот прв натпревар дома и на стадионот Олд Трафорд, и покрај тоа што е тивко, теренот е голем, а тревата е добра, така што играчите се чувствуваа многу добра за време на натпреварот", рече Мурињо.
Запрашан да ја искоментира атмосферата, Мурињо објасни: „Ова не е Портсмут. Се сеќавам дека Портсмут - така мал стадион, а неверојатна атмосферата. Тука атмосферата е малку тивка и нема премногу ентузијазам. Сепак играчите сакаат да играат на домашен терен.”