Yunus Kaymaz
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - ЈУНУЗ КАЈМАЗ -
Премиер Лигата на Англија, една од најважните лиги во светот на фудбалот , ќе биде сцена на возбудата поради десет илјадитиот натпревар денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Премиер Лигата беа одиграни 9.996 игри од 1992-1993, а заедно со денешните 7 натпревари ќе бидат надминати 10.000 натпревари.
Постигнати се 7.000 победи до сега, од кои тимовите победија 4.612 натпревари на домашен терен и 2.738 на гостување.
Стрелец на првиот гол на новиот формат на лигата е Брајан Диан од Шефилд Јунајтед, кој даде гол пред 9.303 дена на Данскиот голман Петер Шмаихел од Манчестер на 5-та минута.
Од вкупно 26.435 постигнати голови во натпреварите на лигата, просечниот гол е 2,64.
Судиите користеле црвен за 1504 пати и жолт картон за 29.987 пати.
Повеќето од натпреварите се одиграа во Сабота, 5.933 пати, а месецот во кој повеќето натпревари беа одиграни беше декември, 1447 пати.
- Сопственик на рекордот за најмногу голови е Алан Ширер
Алан Ширер, кој играше 260 натпревари, е на врвот на листата на фудбалер со најмногу голови во историјата на Премиер Лигата.
Англискиот фудбалер постигна 148 гола во 138 натпревари со Блекбурн Роверс во 1992-96 и 148 гола во 303 натпревари со Њукасл Јунајтед во 1996-2006 година.
Зад Ширер доаѓаат фудбалерите Вејн Руни со 208 гола и Андеј Кол со 187 гола.
Фудбалерите ја испратија топката во своите мрежи 888 пати.
- Приходот на фудбалерите е зголемен за 35%
Во Премиер Лигата, неделните просечни плати на фудбалерите споредба со пред 26 години се зголеми околу 35 отство денес.
За време на сезоната 1992-1993, просечниот неделен добитник на фудбалерот кој заработил 1482 фунти, бил зголемен за 50 илјади фунти.
Алексис Санчез кој замина од Арсенал во Манчестер Јунајтед беше изјавено дека ќе зема 500 илјади фунти неделно, а германски фудбалер Месут Озил, кој го продолжи договорот во Арсенал ќе зима плата од 350 илјади фунти.
- Најразлична победа во Олд Трафорд
Манчестер Јунајтед, кој го победи Испвич со 9-0 на 4 март 1995 година, ја освои најизразената победа на историјата на Премиер Лигата.
1827 пати лигашкиот меч заврши со резултат 1-0, а бројот на мечови со нерешен резултат остана на 851.
- Рекорд на публиката на Вембли
Тотенхем и Манчестер Јунајтед го одиграа мечот со најмасовната пубилка во лигата.
На крајот на минатиот месец, 81.978 навивачи беа на трибините на стадионот Вембли каде лондонскиот тим победи со 2-0.
Мечот на Вимблдон-Евертон, одигран на 26 јануари 1993 година кој го следеа 3,039 навивачи беше натпревар со најмалку публика.
- Манчестер Јунајтед доби најмногу поени
Манчестер Јунајтед, кој 13 пати ја освоји титулата шампион, постигна 2.074 поени во 987 натпревари и пак е на врвот на лигата.
Од друга страна Арсенал има 1.854 поени, Челзи 1.839 поени, Ливерпул 1.727 поени.