Yunus Kaymaz
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалскиот судија Тони Чапрон е суспендиран за три месеци откако првин го удрил со нога а потоа му дал црвен картон на бразилскиот фудбалер Диего Карлос кој го носи дресот на францускиот клуб Нант, јавува Anadolu Agency (AA).
Дисциплинската комисија на француската лига го суспендираше за три месеци 45-годишниот судија, Чапрон, кој на натпреварот меѓу Пари Сен-Жермен и Нант кој се одигра минатиот месец, го удри со нога и му даде црвен картон на фудбалерот Карлос, кој игра за екипата на Нант.
Федерацијата по овој натпревар привремено не го ангажираше судијата Чапрон во некој натпревар, додека го поништи и црвениот картон на 24-годишниот одбранбен играч, Карлос.