Bakir Tiro
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
САРАЕВО (АА) - Според пишувањето на светските медиуми, Диего Армандо Марадона, некогашниот славен аргентински фудбалер, не добил виза за влез во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека бил одбиен поради ставовите изречени во една од ТВ емиисите на сметка на претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Трамп не го доживувам како политичар. Ме потсетува на ликовите од цртаните филмови. Кога и да го видим на тв, го гасам телевизорот“, рече тогаш Марадона.
Марадона сакал да патува за Мајами, каде требал да присуствува на сослушувањето на поранешната сопруга на суд. Во САД не престојувал уште од 1994 година.
Славниот Аргентинец е познат и по долгогодишното пријателство со Фидел Кастро, некогашниот претседател на Куба, деценискиот опонент на САД. Последните години во јавноста го фалеше и Владимир Путин, претседателот на Русија.