Serhat Bağbars
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Пјерлуиџи Колина, комесарот за судење во Европската фудбалска федерација (УЕФА), изјави дека судиите би требало да застанат во заштита на имиџот на фудбалот како игра, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалниот веб-портал на УЕФА е објавена изјавата на поранешниот италијански фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина. Колина порачува дека судиите би требало да им овозможат на играчите, во текот на натпреварот, да се фокусираат само на играта.
„Треба на фудбалерите да им овозможиме да ја играат нивната игра. Затоа тие мора да бидат заштитени на теренот. Не сакаме фудбалерите да бидат изложени на ризик да бидат повредени од намерни или ненамерни дуели“, рече Колина.
Колина истакна дека и играчите би требало повеќе да ги почитуваат фудбалерите од противничкиот тим, додавајќи дека и судиите и фубалерите треба меѓусебно повеќе да се почитуваат.
„Судиите ќе ја казнат секоја реакција извршена врз играчот што има чиста шанса за погодок. Освен тоа, нема да биде толерирано ни провокативно и навредливо однесување кон играчите од противничката екипа“, рече Колина.
„Доколку тоа се спроведе, тогаш сите на теренот ќе ја работат својата работа многу подобро и поефикасно. Тоа би значело и поубава игра за навивачите и поголемо почитување кон нив. Фудбалот е навистина убава игра и ние сакаме тоа така да остане и во иднина“, рече поранешниот италијански фудбалски судија Колина.