Ekipa
18 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
НИОН (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека натпреварите во Лигата на шампи и Европа ќе се одиграат во предвидените термини, јавува Anadolu Agency (АА).
Многу спортски настани ширум Европа се откажани по серијата терористички напади во Париз на 13 ноември, по што се огласи и УЕФА за претстојните натпревари кои ќе се одиграат под нејзина ингеренција.
"УЕФА е во соработка со клубовите кои ќе бидат домаќини на натпреварите и со локалните власти за спроведување на сите потребни мерки за да се гарантира безбедноста на сите инволвирани во одигрувањето на натпреварите од Лигата на Шампионите и Европа. Не издадовме никакви директиви во однос на доаѓањето на гостинските навивачи. Ваквите прашања се преземени од страна на локални институции", стои во соопштението од УЕФА.
Следниот натпревар од Лигата на шампиони ќе се одигра на 24 и 25 мај, ацЛигата на Европа ќе се одигра на 26 ноември. Како што стојат работите, овој викенд ќе се одиграат натпреварите во сите национални фудбалски првенства.
Потврдено е дека ќе се игра во Франција, но без присуство на гостинските навивачи.
Во Англија, на шампионатот ќе продолжи според планираното, додека пак во Белгија ќе се игра фудбал со зголемени безбедносни мерки, а одлуката за тоа дали ќе се играат натпреварите од германската Бундеслига ќе биде донесена во среда.