спорт

УЕФА Конференциска лига: Шкендија утре ќе го дознае противникот

Ждрепката за плејоф фазата ќе се одржи утре

Fatih Erel  | 15.01.2026 - Обновена : 16.01.2026
УЕФА Конференциска лига: Шкендија утре ќе го дознае противникот

ИСТАНБУЛ (AA) – Ждрепката за плејоф фазата во УЕФА Конференциската лига, на која ќе биде познат и противникот на македонскиот фудбалски првак Шкендија, ќе се одржи утре, јавува Анадолу.

Во третото по ранг европско клупско фудбалско натпреварување, ждрепката за плејофот ќе се одржи во 13:00 часот, во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Екипите што ја завршија лигашката фаза меѓу првите осум директно се пласираа во осминафиналето, додека тимовите пласирани од 9. до 24. место ќе се борат во плејофот за билет во следната фаза.

Во плејоф фазата Шкендија може да се соочи со турскиот тим Самсунспор или со полскиот тим Лех Познањ.

Натпреварите од плејоф фазата ќе се одиграат на 19 и 26 февруари.

Екипите што ќе се натпреваруваат во плејоф фазата на УЕФА Конференциската лига се следниве:

- Носители -

Самсунспор (Турција), АЗ Алкмар (Холандија), Кристал Палас (Англија), Фиорентина (Италија), Лозана-Спорт (Швајцарија), Цеље (Словенија), Лех Познањ (Полска), Риека (Хрватска).

Неносители:

Јагиелонија (Полска), Омонија (Грчки Кипар), Ноа (Ерменија), Зрињски (Босна и Херцеговина), Дрита (Косово), КуПС Куопио (Финска), Шкендија (Северна Македонија), Сигма Оломоуц (Чешка).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın