Mutlu Demirtaştan
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Утре започнува дводневиот состанок на Управниот одбор на УЕФА на кој ќе се дискутира за фудбалските средби одложени поради пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред првиот состанок, кој ќе се одржи по пат на видеоконференција, ќе се зборува за прашањата кои се однесуваат на УЕФА Лигата на шампиони, УЕФА Лига Европа и Европското првенство (ЕВРО 2020).
На состанокот се очекува конечна одлука за датумот, форматот и локацијата на финалето на УЕФА Лигата на шампиони 2019-2020 чиј домаќин е Истанбул.
Претседастелот на ЕУФА Александар Чеферин ќе одржи онлајн конференција за новинарите која ќе биде обавена на интернет страницата на УЕФА по седницата на Одборот.