Erbil Başay
13 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
БЕРЛИН
Клубот од германската Прва фудбалска лига (Бундеслига), Борусија Дортмунд на гостински терен победи против Фортуна Дизелдорф со резултат 1-0, јавува Агенција Анадолија (АА).
На 31. коло во Бундеслига, Борусија Дортмунд беше гостин на Фортуна Дизелдорф.
Во првото полувреме двете екипи не успееја да постигнат погодок.
Во судиското надополнување од 5 минути, по регуларните 90 минути, Борусија Дортмунд дојде до предност со погодокот на норвежанецот Ерлигн Халанд.
Мечот заврши со победа на Борусија Дортмунд против Фортуна Дизелдорф.
Со оваа победа, Борусија Дортмунд има 66 и се наоѓа на втората позиција во табелата, додека Фортуна Дизелдорф има 16 бодови и се наоѓа на 16. позиција во табелата.