Ekip
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
БЕРЛИН (АА) - Голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бурки, изјави дека сѐ уште има проблеми со спиењето по нападот на клупскиот автобус пред првиот меч, против Монако, на четвртфиналето на Лигата на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случи минатиот вторник, а во моментот кога одекнале трите експлозии, Бурски седел до Марк Бартра, единствениот повреден. Натпреварот е одложен за ден подоцна.
„Сѐ уште имам проблеми со спиењето. Тоа е најлошо, не можам да спијам ноќе. Кога ќе се разбудам, мило ми е што сум во креветот во мојата куќа“, изјави Бурки за швајцарскиот дневник „Дер Бунд“.
Швајцарскиот репрезентативец истакна дека не можел да се сконцентрира на натпреварот одигран ден по нападот во кој Монако славел со 3:2.
„Дури подоцна забележав што се случува на теренот, како лицето да ми беше прекриено со некој вел“, изјави Швајцарецот.