Ömer Aydın,Muhammed Bilal Kenasari
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ВАШИНГТОН/СТРАЗБУРГ (АА) - Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека одблиску го следи референдумот во Турција, но дека се уште нема да дадат никаков коментар во врска со него, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорно лице од Министертвото за надворешни работи на САД, кое сакаше да остане анинимен, на прашањето на новинарот на АА истакна дека одблиску го следат референдумот за уставни реформи во Турција.
„Доека не се објават официјалните резултати од референдумот и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) не ги претстави своите наоди, не сакаме да даваме никаква оценка”.
По објавувањето на неофицијалните резултати од референдумот за уставни реформи во Турција и резултатот „да” од избирачките кутии, генерален секретар на Советот на Европа Торборн Јагланд преку интернет страницата на Советот соопшти: „Турските избирачи ги одобрија уставните реформи во земјата. Гледајќи дека е извојувана тесна победа, турските лидери би требало да внимателно да размислат за своите следни чекори”.
Во продолжение, Јагланд истакнува дека независноста на судството, кое спаѓа во договорот на Европската конвенција за човекови права, треба да се земе во согласност со принципот на гарантирање на владеењето на правото. „Советот на Европа, каде Турција е поноправна членка, е подготвен е на Турција да и ја даде целата поддршка во овој процес”, се наведува во соопштението.