Mutlu Demirtaştan
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Поранешниот голман на бразилската репрезентација Жулио Цезар (39) ја заврши својата кариера во клубот Фламенго, во кој пред две децении влезе во професионалните фудбалски води, јавува Anadolu Agency (AA).
Цезар синоќа за последен пат го бранеше голот на Фламенго, кој во вториот круг на бразилската Серија А со резултат 2:0 ја совлада екипата на Америка Минеиро.
Во богатата голманска кариера, Цезар ја чуваше мрежата на канадскиот Торонто, португалската Бенфика, англискиот Квин парк Ренџес, додека најдобрите денови од кариерата ги помина во италијанскиот Интер, со кој се закити и со титула во Лигата на шампиони.
Во дресот на бразилската репрезентација Цезар настапуваше на 87 натпревари.