Hüseyin Burak Demirer
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
АНКАРА (АА) - Мухамед Салах, кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, е прогласен за фудбалер на годината во Премиер лигата од британската Асоцијација на професионални фудбалери (PFA), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Асоцијацијата, 25-годишниот Салах успеа да ја добие титулата фудбалер на годината во Премиер лигата, оставајќи ги зад себе Кевин де Бројне, Лерој Сане, Давид Силва од Манчестер сити, Хари Кејн од Тотенхем, и Давид де Хеа од Манчестер јунајтед.
Салах е првиот египетски фудбалер кој успеа да ја добие оваа титула.
Од друга страна, 22-годишниот Лерој Сане од Манчестер сити е прогласен за најмлад фудбалер на годината.