Doga Kirmizioglu
18 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Овој викенд ќе се одиграат неколку дерби натпревари во фудбалските лиги низ Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
По паузата којашто беше дадена за да се одиграат натпреварите на репрезентациите, овој викенд продолжуваат натпреварите во европските лиги. Ќе бидат одиграни голем број дерби натпревари кои ќе предизвикаат голем интерес кај навивачите.
Особено во големите европски лиги ќе бидат одиграни неколку дерби натпревари. Во 12. коло на Премиер лигата, еден од најзначајните дерби дуели е натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал. Натпреварот ќе започне во сабота во 13.30 часот , а ќе се одигра на стадионот „Олд Трафорд“.
Во лондонското дерби ќе се сретнат Тотенхем хотспар, кој оваа сезона не ги дава очекуваните резултати и 17-пласираниот Вест Хем јунајтед. Натпреварот е закажан за сабота, во 18.30 часот.
Во 12. коло на шпанската прва фудбалска лига (Ла Лига), ќе се одигра мадридското дерби. Екипата на Атлетико Мадрид, која во последните три натпревари дожива 2 пораза, ќе се сретне со лидерот Реал Мадрид, кој оваа сезона е непоразен. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Висенте Калдерон“ во сабота во 20.45 часот .
Во 11. коло на германската прва фудбалска лига (Бундеслига) ќе се сретнат екипите на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, во борбата за врвот на табелата. Борусија Дортмунд оваа сезона на 5. позиција заостанува за 6 поени зад првопласираната екипа на Баерн Минхен. Натпреварот е закажан за сабота, во 18.30 часот, а ќе се одигра на стадионот „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд.
В недела нѐ очекуваат два дерби натпревара. Првиот е натпреварот во турската прва фудбалска лига Спор Тото Супер лига, во кој ќе се сретнат екипите на Фенербахче и Галатасарај. Натпреварот ќе се игра на стадинот „Улкер“ во 18.00 часот.
Второто дерби е натпреварот од италијанската прва фудбалска лига (Серија А). Во 13. коло имаме миланско дерби. Ќе се сретнат екипата на Милан, која во последните 5 натпревари извојува 4 победи и се издигна на 3. место во лигата, и првопласираниот Интер. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Џузепе Меаца“ во 20.45 часот. Екипата на Интер ќе ја води новиот технички директор Стефано Поли.